Познат идентитетот на пешакот кој загина во сообраќајка во Охрид

Едно лице го загуби животот во тешката сообраќајна незгода што синоќа во 18 часот се случи на улицата „15 корпус“ во Охрид. Од здобиените повреди, на лице место почина Иван Н. (74) од Охрид.

Сообраќајната незгода се случила кога сега починатиот движејќи се по улицата, на коловоз бил удрен од патничко моторно возило марка „Хундаи Гец“ со охридски регистарски таблици кое се движело во правец кон селото Лескоец.

Набрзо пристигнала медицинска екипа на брза помош која ја констатирала смртта на пешакот.

На местото на сообраќајната незгода, извршен е увид во присуство на јавен обвинител, полициски екипи и вешто лице за сообраќај.

 

По наредба на јавниот обвинител, починатиот пешак е пренесен во Општа болница Охрид каде во текот на денешниот ден ќе се изврши обдукција. Полициските службеници со потврда го одзедоа патничкото моторно возило за понатамошно вештачење, а од возачот Г.Ј. (40) од Охрид земени се примероци од крв и урина за анализа.

 
 
29.01.2016 - 11:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега