Убиецот на манекенката се смееше и намигнуваше во судницата

 

Даријан Мушиќ, 28-годишниот убиец кој ја уби брутално манекенката Владислава Червенко, не се кае за стореното. Убиецот осуден на 35 години затвор за бруталното убиство на 12 ноември 2012 година, се смеел и позирал во судницата, без да покаже ни трошка покајание.

- Здраво новинари, видете ме! Пријдете ми!, викал тој во судницата. Тој го искористи доаѓањето по три години од убиството за да докаже дека не се кае за стореното.

Убиецот постојано се смеел и намигнувал на новинарите.

Инаку, грозоморното убиство во 2012 година го потресе регионот. Наодите на вештаците покажаа дека Владислава трпела највисок степен на болки кога била брутално мачена и убивана.

 
 
20.01.2016 - 10:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега