„Кориере дела Сера“: Албанија е центар за регрутација на џихадисти

Албанија се претвори во центар за регрутација на џихадисти, што претставува голема опасност за Италија, бидејќи од таму тие би можеле да планираат напади на италијанска територија, наведува миланскиот весник „Кориере дела Сера“.

Според весникот, НАТО, САД и Русија веќе алармирале за „тоа што се случува во Албанија, каде илјадници лица се подготвени да им се приклучат на терористите“.  

- Тајните служби јавуваат дека на новорегрутираните џихадисти им се нудат договори на неопределно време со месечна исплата од по 2.000 евра. Договорите имаат само две клаузули - храброст и познавање на италијанскиот јазик, наведува весникот. 

„Кориере дела Сера“ нагласува дека голем број Албанци го знаат италијанскиот јазик, бидејќи многумина од нив гледаат италијански телевизии и често патуваат во Италија. 

Според весникот, Италија стравува дека Албанија би можела да стане транзитна зона преку која џихадистичката група Исламска држава (ИД) ќе влегува во Италија и Европа, слично како што Белгија беше база за терористичките напади во Франција на 13 ноември. 

- Опасноста е поголема отколку што изгледа. Во некои делови на Албанија цвета илегалната трговија со оружје, кое за цена по 600 евра за парче му се продава секому кој е подготвен да плати за него, па и на џихадистичката формација ИД, наведува „Кориере дела Сера“

 
 
18.01.2016 - 19:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега