Попоски и Бесими на неформален работен состанок со МНР на земји-членки на ЕУ

Министерот за надворешни работи на Република Македонија Никола Попоски и вицепремиерот за евроинтеграции Фатмир Бесими ќе учествуваат на неформален работен состанок со министрите за надворешни работи на земјите-членки на Европската унија, што ќе се одржи денеска во Брисел.

Состанокот, кој е во функција на европската интеграција на Република Македонија, се одржува на иницијатива на министрите за надворешни работи на Унгарија и Австрија, Петер Сијарто и Себастијан Курц, а ќе учествува и еврокомесарот Јоханес Хан, соопшти МНР.

 
 
18.01.2016 - 08:58
Фото: 
МИА

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега