Истражување: Луѓето кои држат диета стануваат лоши личности

 

Според едно истражување направено во Флорида за диетите и тоа како тие влијаат на човекот, се покажува дека луѓето кои значително ќе ја намалат својата тежина стануваат полоши личности.

Според резултатите од истражувањето направено врз група луѓе кои биле на диета, оние кои успеале да ослабат повеќе од 10 килограми станале помалку трпеливи, понервозни и поимпулсивни. Откако симнале некој килограм, испитаниците околината ги опишала како личности со незгоден карактер.

Научниците тврдат дека исхраната влијае и на нашето однесување и емоциите кон луѓето. Промените во исхраната доведуваат и до промени во расположението и однесувањето.

 

најчитано сега