ФОТО: Заев го доби пасошот од „Фабриката за фалсификати“

Вевчанскиот карневал започна, а како и секоја година, во духот на карневалот не изостана и делот за актуелната политичка ситуација во државава.

Овој пат, главна атракција на карневалот е маската со име Злосторничко здружување.

На шеговит начин маската „Злосторничко здружување“ оди да ги предаде сечените, лепени и монтирани прислушувани материјали кај специјалната обвинителка Катица Јанева.

Во злосторничкото здружување се и Радмила Шекеринска, која е штотуку вратена од плажите во Грција за таа намена, Вицето, кој земаше по едно евро, како и нивниот најпознат член Чаушот, којшто фалсификуваше лични документи.

На патот го сретнаа токму Зоран Заев на кого му го дадоа новиот фалсификуван пасош.

А Заев иако имаше прилика, не го побара пасошот од Верушевски.

 

Годинава хит на вевчанскиот карневал се специјалната обвинителка Катица Јанева и Зоран Заев со „Фабриката за фалсификати“.

 
 
14.01.2016 - 11:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега