Еве кои ќе бидат неработни денови во мај

Министерството за труд и социјална политика објави денеска дека 1 мај-Денот на трудот ќе биде неработен за сите граѓани на Македонија.

Исто така, 3 мај, Велики петок е неработен за сите граѓаните од православна вероисповед.

Неработен ден е и 6 мај, понеделник, вториот ден по Велигден.

Потоа, 24 мај Свети Кирил и Методиј, Ден на сесловенските просветители е неработен ден.

Неработен ден е и 23 мај за припадниците на влашката заедница.