Делегација од Кембриџ на средба со министерот Кралев
Денеска делегација од Институтот за меѓународно оценување од Универзитетот во Кембриџ предводена од Хелен Еклес оствари средби со министерот за образование и наука Панче Кралев.
На средбата се разговарало за потенцијална соработка помеѓу двете институции за реформите што се спроведуваат во македонското образование.
Министерството за образование и наука соопшти дека делегацијата од Кембриџ, во рамки на тридневна работна посета на Македонија, остварила средби и со претставници на Бирото за развој на образовнаието и Државниот испитен центар, а посетила и неколку училишта. Посетата на делегацијата ќе заврши со средба со донаторски фирми.
ФОТО:Влада