МАКЕДОНИЈА МРЗНЕ: Во најстудениот град утрово -18 степени - температурите уште ќе паѓаат

Берово е најстудениот град на првиот ден од новата година. УХМР измери - 18 степени во Берово,-16 во Крива Паланка, -15 во Лазарополе, - 14 во Скопје и Маврово, -13 во Пожар, Битола, Прилеп, Куманово, Крушево, -12 во Тополчани, Пожаране, Демир Капија, Струмица, Штип, Виница, -11 во Ѓуриште, Тетово и Претор, -10 во Охрид, -9 во Гевгелија и -7 во Дојран.

Во земјава преовладува сончево и многу студено време со слаб ветер од северен правец. Денеска ќе биде сончево и студено, попладне со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Највисоката температура на воздухот ќе се движи во интервалот од -4 до 6 степени.

Скопје сончево и студено со слаб ветер од променлив правец. Највисоката температура ќе достине до 2 степена.

 Утре времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од јужен правец. Дневните температури ќе бидат во благ пораст. Од недела следува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и снег, а на повисоките места и планините од снег. Врнежите ќе бидат со  променлив интензитет.

 
 
01.01.2016 - 10:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега