Се реконструира патот Горно-Долно Лисиче
Денеска започна реконструкцијата на патот кој води од Долно до Горно Лисиче.
Градоначалникот на општина Аеродром, Ивица Коневски, посочи дека станува збор за капитален проект кој бил најавуван како еден од приоритетите во неговата предизборна кампања.
-Овој проект има исклучително значење за жителите на Горно и Долно Лисиче, бидејќи со изградбата на овој со години оштетен и тесен пат, ќе им се овозможи побрза сообраќајна комуникација со другите делови од општината и Центарот на градот, изјави Коневски.
Државниот секретар за транспорт и врски Елена Кузмановска нагласи дека Владата дава поддршка за овие проекти.
-Таков е и овој пат кој што ги поврзува Горно и Долно Лисиче и истиот претставува потреба и барање на жителите од овој дел на општината. Со неговата рехабилитација се надеваме дека ќе ги исполниме очекувањата кои што и претходно ги имаше ветено градоначалникот Коневски, изјави Кузмановска.
ФОТО:Нова Македонија