Владата доделува неповратни 33.000 евра за младите до 35 години кои сакаат да дојдат до куќа

100% од учеството за купување на куќа или пак 8 години владата да ви плаќа голем дел од ратата за изградба на нова куа. Премиерот Никола Груевски го најави новиот проект за младите до 35 години.

Младите до 35 години младите ќе можат да бираат меѓу два модели.

„Првиот државата исплаќа субвенција на ратата на кредитот за стекнување на куќа и тоа во период од 11 години. Субвенцијата трае 11 од вкупно 20 години. Првите 8 години субвенцијата е 80% од ратата а наредните 50% од ратата“ – изјави премиерот Груевски додавајќи дека во субвенциите спаѓа и главницата од кредитот и каматата.

Па така за месечна рата од 200 евра. Владата во првите 8 години ќе плаќа 160 евра месечно а корисникот 40 евра месечно. Во наредните 3 години Владата и корисникот ќе плаќаат по 100 евра месечно

Субвенциите важат за кредитите до максимален износ од 50.000 евра. Корисниците можат да земат и повисок кредит но субвенцијата ќе го опфати кредитот до 50.000 евра. Субвенцијата ќе важи за кредит до најмногу 20 години рок на отплата.
Пресметките велат дека за 50.000 евра кредит, корисниците ќе добијат субвенција до 33.000 евра.
Каматните стапки ќе останат исти како и до сега односно 3,95% првите 3 години, 4,45% четвртата и петтата година а потоа каматата ја одредува банката но не смее да биде повисока од каматата за останатите станбени кредити.

За вториот модел, Владата ќе субвенционира 100% од учеството за кредит на куќата. Оваа субвенција може да достигне сума до 12.500 евра доколку се користи кредит од 50.000 евра. Тоа се средства кои владата веднаш ги уплаќа. Позитивно е што каматата е фиксна на 4,5% плус месечен еуибор.
За земен кредит од 50.000 евра владата веднаш ќе му исплати на корисникот 12.500 евра веднаш, или 25% колку што е учеството.

„Сите средства кои владата ги доделува за двата модела се неповратни – рече Груевски

Сите услови за аплицирање се исти како во проектот Купи куќа, купи стан со тоа што апликантите ќе мора да имаат или барем еден од нив да има не повеќе од 35 години.
Максималните примања кои може да ги има апликантот доколку аплицира сам е до 900 евра месечно, а ако се брачни другари заедно не повеќе од 1300 евра.
Апликантите не треба да имаат друг имот на свое име.
Проектот важи само за купување на куќа, не на станови.

 
 
17.12.2015 - 14:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега