Силвана Бонева и става крај на пратеничката кариера

 

Пратеникот Иван Иванов од ВМРО-ДПМНЕ е предложен од Комисијата за прашања на изборите и именувањата да стане член на Анкетната комисија за скандалот со прислушувањето. Тој доаѓа на местото на пратеничката Силвана Бонева, која попладнево, како што се очекува, Собранието треба да ја избере за член на Државната изборна комисија. 

На пратеничкото место на Бонева, според информациите од Државната изборна комисија, треба да дојде Мирјана Кузмановска од Изборната единица 4.

Бонева и става крај на пратеничката кариера по неколку мандати поминати во законодавниот дом. Меѓу функциите кои ги извршуваше беше и координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во неколку мандати.

 
 
16.12.2015 - 14:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа