Александар Чичаковски ќе биде Претседател на ДИК

Александар Чичаковски за претседател и Реџеп Прекопуца за потпретседател на Државната изборна комисија. Едногласно и без расправа усвоен е предлогот од Комисијата за избори и именување, двајцата ексерти да го водат ова тело.

Предлогот треба да биде усвоен и од пратениците на пленарна седница најверојатно попладнево.

Вчера покрај Чичаковски и Прекопуца на лидерска средба како трет експерт беше прифатен и Атанас Урумов.

Четворицата лидери по само два и пол часа го утврдија составот на ДИК и го повикаа Собранието побргу да ги преземе неопходните активности со цел ДИК што поскоро да започне со работа.

Александар Чичаковски доаѓа од нвладиниот сектор. Бил дел од невладината Мост и Коалицијата сите за правично судење и работел на проекти финансирани од ОБСЕ и СОРОС.

Атанас Урумов доаѓа од подрачната единица на ДИК во Гевгелија каде работел како раководител на одделението за избори

Реџеп Прекопуца бил вработен во Собранието на РМ во Одделението за билатерална соработка.

 
 
16.12.2015 - 12:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега