Снег оваа година нема да видиме

Претежно сончево време со мало наоблачување кон крајот на месецот не очекува во последните 3 седмици од оваа недела. Според долгорочните прогнози кои не се секогаш најпрецизни, снег оваа година нема да видиме во котлините, а најверојатно нема да го има ниту во почетокот на наредната.
До крајот на оваа недела не очекува сончево време со услови за слаба магла и релативно ниски утрински температури кои во котлините нема да се спуштат под -7.
Во половина од наредната недела не очекува и затоплување кога утринските температури ќе останат над нула а дневните ќе одат и над 10 степени. Во втората половина ќе преовладува облачно време и температури кои во текот на денот нема да надминат 6 степени.
Два дена пред крајот на годината ќе се создадат услови за снег во ноќните часови но со оглед на високите температури, шансите тоа да се случи се многу мали.

 
 
14.12.2015 - 11:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега