СДСМ бега од избори: Одби експерт за ДИК зошто бил Албанец

Опозициската партија која очајно сака одложување на изборите два пати не прифати Албанец експерт за Државната изборна комисија (ДИК), со смешно тврдење дека е од ВМРО-ДПМНЕ, пренесе Курир.

По повеќечасовни преговори, откако партиите од големата четворка едвај ги усогласиле тројцата експерти за ДИK, СДСМ се пишманил и го растурил договорот со образложение дека експертот-Албанец бил „вмровец“, велат од владејачките партии.

– СДСМ не сака избори и прави се до нив да не дојде или да ги одложи – децидни се претставници во преговорите од власта.

Тие откриваат дека по тешки натегања во преговорите откако се усогласиле за експертот-Албанец, тој не бил прифатлив за СДСМ оти бил „вмровец“. Ова предизвикало жестоки реакции од ДУИ и ДПА. Тие го обвиниле СДСМ за етикетирање на експертот-Албанец и тоа со вмровски предзнак. Тие додаваат дека потврда оти СДСМ прави се за да ги ескивира изборите е тоа што и вториот експерт-Албанец што го предложиле социјалдемократите го одбиле.

– Врв на се` беше откако им прифативме двајца од шест пласирани експерти, тие, за да го растурат договорот, го отфрлија и вториот експерт-Албанец со образложение дека не бил доволно квалификуван за да биде потпретседател на ДИK. Настана нова мешаница, претставниците на Албанците се налутија. По ова од СДСМ сакаа да се пазарат и ним да им припадне и претседателското место во ДИK и функцијата генерален секретар. И додека за претседателската функција може да се разговара, за позицијата генерален секретар треба целосно независна личност – брифираа вчера од владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

По ова е неизвесно кога ќе се комплетира ДИK, бидејќи посредникот во преговорите Питер ван Хут до понеделник ќе биде во Белгија. Партиите викендов сами ќе се обидат да постигнат договор, но не се исклучува и можноста усогласувањето на експертите да заврши на маса пред лидерската четворка Никола Груевски, Зоран Заев, Али Ахмети и Мендух Тачи.

 
 
12.12.2015 - 14:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега