Трибина на УМС во Куманово: Младите ќе го кажат својот збор на 24-ти април

Водејќи се од примерот на својата матична партија ВМРО-ДПМНЕ, УМС започна со трибини низ повеќе места во Македонија.

Една ваква трибина се одржа во Куманово каде беа собрани идеи, односно младите имаа можност да кажат што им фали, а истите идеи подоцна да бидат разгледани од одреден тим и доколку се конструктивни и содржајни да бидат ставени во програмата за наредните предвремени парламентарни избори кои ќе се одржат во април следната година.

ums-tribina-2

– Причината за одржување на овие трибини е тоа што заклучувиме дека младите во однос на кампањата доста партиципираа со идеите односно повеќе од 30 отсто идеите се од млади луѓе и сметавме дека имаше потреба, ние како УМС  да одржиме ваков тип на трибини при што ќе има можност секој млад човек да даде свој придонес за креирање на програмата, а со тоа и креирање на иднината, изјави Орце Ѓорѓиевски, потпретседател на УМС.

ums-tribina-1

Како УМС се уверени дека на 24 април младите ќе го кажат својот збор и ќе го дадат својот глас за владеачката партија ВМРО-ДПМНЕ, а со тоа директно ќе партиципираат во програмата и ќе можат да учествуваат во оставрувањето на истите во наредните 4 години, откако ќе го добијат мандатот.

 
 
11.12.2015 - 21:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега