Пожар во Македонска Каменица

 

Гореше станбена зграда во Македонска Каменица и по неколку часа драматична состојба пожарот беше локализиран. 

Пожарот избувнал попладнево околу 14 часот во еден од становите на 4 кат од зградата, се проширил на кровната конструкција и за кратко време го зафатил целиот покрив на зградата. 

Во гаснењето на пожарот учествуваа пожарникари од Македонска Каменица, кои побарале помош и од делчевските пожарникари. Според информациите на командирот од ТППЕ Делчево, Јонче Атанасовски, делчевските пожарникари веднаш по дојавата пристигнале на местото на пожарот и по брзата интервенција пожарот е локализиран.

- Ние веднаш пристигнавме со возило и го локализиравме пожарот на кровот, не дозволивме да се префрли на соседните згради, ниту да зафати повеќе станови, а потоа и го изгаснавме, рече Атанасовски.

Засега не се знаат причините за пожарот, но се претпоставува дека е предизвикан од неисправна електрична инсталација. 

 
 
11.12.2015 - 21:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега