Хаос во СДСМ - делегатите не сакаат да присуствуваат на програмскиот Конгрес на Заев во недела

Големо незадоволство меѓу членовите на Централниот одбор (ЦО) на СДСМ во пресрет на најавениот програмски конгрес на 13ти декември во недела. Според информациите до кои дојде Press24 од висок партиски функционер членовите на ЦО се уште не ги добиле материјалите за конгресот, задача која била обврска на Генералниот секретар Оливер Спасовски кој сега е технички министер за внатрешни работи и воопшто не ги ни подготвил. Нашиот извор вели дека Конгресот првично требало да се одржи на Скопскиот саем но поради катастрофалната состојба во СДСМ и слабиот интерес меѓу делегатите и членството раководството се решило конгресот да се префрли во хотелот Александар Палас. Но и ова место најверојатно ќе биде сменето поради очајната состојба во која се наоѓа партијата и демотивираноста на членството и конгресот најверојатно ќе се одржи во хотелот Холидеј Ин. Оваа постапка на СДСМ според нашите извори постарото членство ја примило како уште една приватна забава на Зоран Заев и најтесното крило. Press24 веќе објави дека Заев мака мачи да собере доволно членови за да обезбеди минимум кворум на партиските тела и да ги протне своите одлуки. Последните анкети на најрелевантните агенции во светот покажаа дека неговиот рејтинг за само неколку месеци се намалил за дури 30% а СДСМ и натаму има двојно помал рејтинг од ВМРО-ДПМНЕ. Извори на Press24 од СДСМ велат дека уште полоши резултати покажала анкетата кој за потребите на СДСМ ја изработила една рејтинг агенција која важи за исклучително блиска до партијата. Според неа, СДСМ го очекува повторување на резултатите од минатогодишните избори што според експертите е главна причина поради која СДСМ ќе стори се изборите во април воопшто да не се одржат.

 
 
11.12.2015 - 20:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега