Светот оди кон „десно“: Десничарските партии растат во Европа и САД

По масакрот во Париз, во Европа и САД ќе се зацврстат десничарските партии, смета Патрик Џ. Буханан, пренесува Sputnik News.

Американскиот конзервативец тврди дека светот по нападите во Париз и Сан Бернардино ќе се заврти кон „десно“.

„Неодамнешните регионални избори во Франција, јасно победи Националниот Фронт на Марин Ле Пен. Најзината партија освои околу 30 проценти од гласовите, освојуваќи 6 од 13 региони“, истакна Буханан и додаде дека бранот на десни партии ќе ја зафати цела Европа.

„Ангела Меркел и отворените границе се минато во Европа; Марин Ле Пен е сегашност“, поентира конзервативецот и додаде дека САД не е исклучок од тоа.

Според него Американците ќе се завртат кон денсно поради прашањата околу имиграцијата, тероризмот, границите, криминалот и безбедноста.

 
 
10.12.2015 - 18:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега