Време: Доаѓа студ до крајот на неделата

И ова утро, како што беше најавено, магливо е на повеќе места низ земјава: скопскиот, пелагонискиот, овчеполскиот, демиркапискиот дебарскиот и полошкиот регион. Температурата , генерално има вредности околу 0°С.

Во споменатите котлини доцна претпладне ќе постојат услови за „растурање„ на маглата, но само делумно. Пелагонија најверојатно останува под слаба магла во текот целиот ден.

Сончево ќе биде на повисоките места.

Во текот на вечерта се очекува наоблачување над земјава, со што ќе се намалат условите за формирање на магла.

Маглата ќе биде предуслов за стагнација на температурата низ котлините, па таа ќе има вредности околу 5°С, додека на повисоките места и гевгелиско - дојранскиот крај околу 13°С. Нешто постудено ќе се задржи во битолскиот регион, околу 0°С.

Утре, четврток, ќе биде облачен ден, а ќе бидеме под влијание на нешто постудена воздушна маса. 

Во петок, по облачно ќе биде во првата половина од денот, додека попладне се очекува делумно разведрување.

 

Температурата овие два дена ќе биде во границите помеѓу 5°С и 8°С низ котлините.
Во сабота повторно ќе има услови за формирање на магла низ котлините, а на повисоките места ќе биде ведро.

 
 
09.12.2015 - 11:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега