Љубе Бошковски ќе ја слушне пресудата за „Ровер“

По осум месеци судење, денеска скопскиот Кривичен суд во ќе донесе пресуда за случајот „Ровер“.

Во случајот „Ровер“ се обвинети македонски и српски државјани, кои се товарат како нарачатели или извршители на двојното убиство на Марјан Тушевски и Киро Јанев во 2001 година. Меѓу обвинетите се најде и Љубе Бошковски, кој тогаш беше министер за внатрешни работи.

По завршните зборови минатиот месец, обвинителката го повлече обвинението за петмина обвинети, а за останатите лица побара казни.

најчитано сега