Дошол со велосипед и среде чајџилница го убил возачот на тетовскиот екс-градоначалник

Влегол во чајџилницата во Мала Речица и пред очите на сите присутни го застрелал возачот на поранешниот градоначалник на Тетово. 43 годишниот Хатмир Хасани од тетовско Лисец вчера околу 15:30 часот беше убиен од Џафер Османи со еден истрел од пиштол во Мала Речица.
По убиството Османи си заминал со велосипедот со кој претходно дошол.
Убиениот Хатмир Хасани работеше како личен возач на Сади Беџети додека тој беше градоначалник на општина Тетово.
Нема информации за мотивите за убиството.

 
 
04.12.2015 - 10:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега