Жена е причината за двојното убиство во скопско Грчец

Жена е причина за двојното убиство во скопско Грчец коментираат жителите, но јавно не зборуваат, јавува Телма.

Двајца се убиени а уште еден е повреден во пукотницата која доцна синоќа се случи на влезот на селото. Пукано е во Мерцедес во кој се возеле, а истрелите биле кобни за двајцата пријатели.

-Од она што го сведочат селаните еден од убиените е 44 годишен познат како Нешо Касапот и е сопственик на фарма. Велат дека бил богат човек, по потекло е од Грчец но не живеел тука. На викендицата често доаѓал со пријатели. Според неофицијални информации единствениот кој преживеал го спасил мобилниот телефон. Токму куршум кој требало да заврши во еден од виталните органи завршил во мобилниот. Во градската болница 33 годишникот е донесен со прострелни рани на подколениците и рани по вратот и рацете, јавува Телма.

Според телевизијата, неофицијално неколкумина го чекале возилото да излезе од куќата за веднаш да стрелаат.

Полицијата трага по сторителите.

 
 
03.12.2015 - 16:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега