Approved Index: Во Македонија и Нов Зеланд најбрзо може да се започне бизнис

Светскиот просек за започнување на бизнис е 20 денови, освен ако сте претприемач во Венецуела, каде ќе ви требаат дури пет месеци.

Истражувањето спроведено од организацијата Approved Index, која користи податоци од Светска банка, заклучи дека шампион во брзина на започнување на бизнис е Нов Зеланд, но и Македонија. Да се заврши цела документација во овие држави е потребно 24 часа.

Овие се топ 10 држави кога во прашање е овој критериум:

-Нов Зеланд 1 ден

-Македонија 1 ден

- Канада, Хонг Конг, Грузија 2 дена

- Австралија, Португалија, Сингапур, Ерменија, Азербеџан 3 дена

Ова организација потсетува дека чекањето на дозволи и документи може да ги „излади“ бизнисмените, па да се повлечат пред да почнат со работа во некоја земја.

 
 
30.11.2015 - 17:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега