Драма во Скопје: Му дал на таксистот 10 евра, а потоа го нападнал

Непознато лице, вчера вечерта, ограбил таксист во Скопје.

Вчера вечерта во Скопје на ул.„Ташко Караџа“  непознат сторител извршил разбојништво над 60-годишниот таксист П.Б. Таксистот кој возел „Рено“, го превезувал сторителот на релација од нас.Аеродром до нас.Карпош, а потоа до нас.Автокоманда, каде што му рекол да застане со цел да земе пари. За кратко време сторителот се вратил, му дал на П.Б. 10 евра, а откако таксистот ги извадил парите за да му врати кусур, сторителот го удрил со главата во пределот на лицето и брадата, му ги земал парите (околу 2.000 денари) и заминал во непознат правец.

Полицијата презема мерки за целосно расчистување на настанот и пронаоѓање на сторителот.

 
 
29.11.2015 - 12:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега