ФОТО: „Луј Витон“ претстави чанта од 55.000 долари

Секоја сезона модните куќи се натпреваруваат чија чанта ќе биде не само најпродавана, туку и најскапа.

На ниту една досега не ѝ успеало да ја симне од тронот култната чанта на „Биркин“, на која и понатаму ѝ е загрозено славното име по тужбата од француската актерка Биркин, која побарала чантата веќе да не го носи нејзиното име.

Оваа недела француската престижна куќа „Луј Витон“ ја претстави својата екстравагантна убавица.

Култната марка одлучи пред почетокот на божикните и новогодишните празници да ја покаже најскапата чанта во историјата на оваа марка.

Станува збор за чанта од крокодилска кожа во боја на шампањско и ванила.

Чантата чини 55.500 долари. Има класична форма, со кратки рачки и со златен катанец.

 
 
27.11.2015 - 20:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега