Балонот на манипулацијата пред експлозија

Помеѓу реалноста и приказните има само една константа. Како премин од едната кон другата половина е манипулацијата. Нејзината успешност зависи од капацитетот да се препознае, или од летаргичноста да се прифати на прва. Оваа втората, е особина на оние кои по дефиниција секогаш и секаде противат на се. Ги има сосема доволно да бидат гамалџии. Среќна околност е што противењето со сите до пладне, се претвора во противење и со самите себе попладне. Онаа првата категорија пак, врзана со капацитетот за препознатливост, е карактеристика на антипротивните… Спознателите на реалноста… Потребни им се само видливи споредливи параметри.

Во принцип тие и се двигатели на општествените процеси. Чувари на портите преку кои манипулацијата бара влез. Нивната моќност и бројност се разликува од општество до општество. Но, времеснкиот сојузник им е сопатник. Што би се рекло, како времето поминува, така тие се се поприсутни.

Македонија од пред една недела се наоѓа во процес во кој параметрите на видливоста се и ќе бидат многу прецизно достапни најмалку пет месеци. И тоа можеби во целата ситуација на грешки е единствената исправна логика.

Македонија, барем според најавите, до крајот на Април ќе биде водена од една, за многумина чудна, но во основа јасна владина структура. Тип на преодна влада со широко-политички појас. Таа влада во Собранието, регулатор на нејзиното фиункционирање, има и ќе има апсолутно мнозинство. Загарантирано пред се со политички договор меѓу најмоќните политички субјекти. Што би се рекло со политички речник, Влада без парламентарна опозиција и без можност за нејзина интерпелација.

 Тоа што лидерот (реално коалиционен партнер на власта), тврди дека неговите министри се само партиципиенти кои имаат технички обвски да воспостават некаква контрола врз работењето на мнозинството, во основа не го амнестира од одговорноста што тие министри ја имаат водејќи ги тие министерства. Како второ, инсистирањето на ставот дека се контролори се коси со објективните барања за влијание во тие министрества. Практично контролор е надворешен фактор, а Министер е позиција со одговорност по сите параметри. Таа министерска позиција сама по себе е влијание и одговортност. Тие две работи секаде во светот одат заедно. А, одговорност има оној кој има моќ, или нашински кажано, власт да управува со нешто.

Во случајот тоа се две министерства и тоа не кои било, туку суштински министерства од чие функционирање зависи безбедноста и социјалениот мир, кој директно е врзан со најголемиот процент на граѓани во државата. Од работници, па преку социјални случаи до пензионери. Тоа се двата основни столба на секое општетсво. Столб на стабилност и безбедност и столб на социјалниот мир. За нивното нарушување виновна е влста. Да. Владата како институционално тело, но персонализирана во ликот на тие двајца министри. Што значи. Неисплатените пензии се одговорност на министерката. Зголеменото ниво на криминал се одговорност пред се на министерот. Социјален протест е протест против Владата, но и протест против министерката. Обезбедувањето на институциите е одговорност на министерот за внатрешни, без разлика дали пред владата протестираат неговите партиски активисти кои бараат смена на Премиерот. На кратко. Играта на преодната влада е игра на одговорност. Јасно и прецизно.

Е токму тука, во работењето и на едните и на другите, ќе се мери видливоста на параметрите од кои ќе се оценува колку е дебела линијата на манипулацијата. Секој со својата одговорност, па секој ќе може да ја одбере страната. Во Април, ако се биде според планот да има избори, лесно ќе се оценува и мери. Но, што тоа ќе има на кантарот за мерење? Понудите кои ги имаат сега партиите. А, тие се дијаметрално спротивни. Едната концепт за кој смета дека е моторен двигател на пред се економска преродба, а другата декларативна реоторика за принципи, слобода, демократија, различна од онаа што ја приктикуваат оние првите.

Што значи двојното партиципирање на власта и од едните и од другите ќе испумпа нечии надувани балони, од кои ќе излезе мерливост на функционалност. Кој колку сработил во интерес на општеството. Тоа пак ќе обезбеди видливост на степенот на манипулација.

Но, како што сега стојат работите, уште на почетокот, особено по некои првични постапки, многу бргу ќе биде препознатлива разликата помеѓу декларативната реторика за совршено, праведно и слободно оштество и намерата, а пред се капацитетот на колективната партиска структура да практикува власт. А тоа на површина ќе го изнесе критериумот за тоа кој, што, колку, сработил во интерс на општеството.

Тој критериум можеби во Македонија се мери со мали вредности и ако во минатото незадоволството од тие вредности беше надежта дека казната на избори ќе вразуми некого, денес состојбите се поинакви. Надежта не е шанса, туку шансата е во аргументираноста за зголемување на вредносните граници за тоа што е поголем општествен придонес.

Тука работите, барем досега се многу јасни и чисти. Што би се рекло мерливо видливи. Можеби една од најголемите хпокризии на македонското општетсво е што сите сакаат идеално општество и знаат како тоа треба да изгледа ( што само по себе е идеал кон кој е легитимно секој да се стреми), но честопати во занесот на критичноста ја губат реалноста за тоа колку таа идеалистичност е објективно достапна. Затоа што едно е да живееш со идеал за подобро, но сосема друго е да го критикуваш реалното, зборуваќи јавно, за помала корупција, а живеејќи со максимата “или поголемо учество во нејзе”.

Во општетсва како македонското, а и сите оние општества кои прозилегоа од она друго време кое градејќи ја идејата за еднаковст на сите, а притоа кудејќи ги тогаш како “трул капитализам” вредностите (кои сега сакаме да ги дофатиме), создадоа различна еднаквост за сите, во тие општества денес е потребно време, долго време, кое ќе изврши филтрација на лажните демократски демагози од работните поединци. Во тие оштества мерлив критериум е нагорната линија на позитивната скала на мерливост.

На нејзе, за жал не стои добро македонската сегашна опозиција.

Марјан Николовски – Новинар за Денешен.мк

 
 
27.11.2015 - 11:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега