China Daily: Македонија доверлив пријател и партнер
Водечкиот кинески весник China Daily ја нарече Македонија доверлив пријател и партнер.
Кинескиот Пермиер Ли Кечијанг оствари средба со Пермиерот Никола Груевски во Пекинг во четвртокот, каде разговараа за инфраструктурни и индустиски проекти, пишува China Daily.
Нарекувајќи ја Македонија доверлив партнер на Кина, Ли изјави дека Кина сака да инвестира во Македонија во железници, автопати, елктрани, како и да помогне за проширување на земјоделските производи.
Пермиерот вети дека ќе ги охрабри кинеските компании да вложат во цементарници и во изградбата на индустриски зони.
Груевски кој е во Кина на четвртиот самит меѓу Кина и 16 централи и источни европски држави (CEE), изјави дека маханизмот „16+1" во голема мера ја зајакнува соработката меѓу Кина и земјите на CEE.
Според China Daily Македонија е заинтересирана, кинеските компании да инвестираат во хидроелектрани, гас, транспорт, индустриски зони, цемент и други проекти.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа