Викендов сите во „Скопје Сити Мол"

Во Skopje City Mall започнува 6-от Саем за Деца и Родители во Skopje  кој ќе трае до недела. На отворањето настапија „Маша и Медо“ со својата Веселата Училница, а потоа следеше настапот на Марко Бошњак, ѕвездичката од Пинкови Ѕвезди и групата деца од Брејк а лег кои освоија 4-то место на светското првенство во Италија.

Илјадниците насмевки, расположените семејства и детскиот џагор се гаранцијата која ја нуди веќе традиционалниот саем, кој оваа година нуди многу новитети кои го прават нашиот најголем мол омилена дестинација за децата и родителите овој викенд.

Сите посетители од 18:00 часот во петок, па се до 18:30 часот во недела ќе имаат шанса да креираат и да научат многу нови работи преку Art & Craft центарот, каде децата ќе бидат во улога на мали конструктори и ќе имаат шанса да креираат и преку забава да научат за вселената, градежништвото, сообраќајното моделарство, роботиката и природата. На музичката и денс сцена, најмалите со своите родители ќе имаат неверојатна шанса од прва рака да се запознаат со Едукативната патека од Маврово која овој викенд е преселена во Skopje City Mall и истата организира голема наградна игра за секој посетител. Музичките и танцовите шоуа секогаш се вистинско уживање за децата кои ќе можат овојпат да проследат настапи на неколку училишта за музика и танц, а планирани се и гостувања на познати музички ѕвезди кои засега се кријат во тајност. Омилените детски ликови, Маша и Медо, заедно со својата Весела училница ќе бидат вистински хит, додека семејните натпревари за деца и родители како штафета, игра за најпрецизните, погоди го „твоето дете“ и многу други гарантираат дека Skopje City Mall ќe биде омилената дестинација за сите родители и деца овој викенд. За време на Саемот за Деца и Родители ќе биде присутна и Мече Болница, меѓународен проект од едукативен карактер, создаден од медицински студенти, а целна група се децата, особено оние од предучилишна возраст. Секое дете има можност, својата кукла – мече, да ја однесе во импровизирани медицински оддели (амбуланта, хирургија, лабораторија и аптека), каде се извршуваат лекарски прегледи и медицински зафати.

Сите посетители, освен огромната забава, наградните игри и изненадувањата, ќе имаат можност да ги уживаат големите попусти за време на 6-от Саем за Деца и Родители и до 50 отсто во продавниците за детска облека, производи и играчки.

 
 
21.11.2015 - 12:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега