Првата жена која отпатува во Вселената ќе го носи олимпискиот факел

 

Првата жена која отпатува во Вселената, Валентина Терјешкова, ќе го носи олимпискиот факел на Зимските олимписки игри во Сочи идната година.

Космонаутката Терјешкова ќе биде во групата носители на олимпискиот факел заедно со олимписки шампион во гимнастика Алаксеј Немов, трикратната олимписка првенка во синхронизирано пливање Марија Кисељева и со други заслужни руски спортисти и јавни личности.

Олимпискиот факел во Москва ќе стигне на 7-ми октомври, од каде ќе тргне на 123-дневно патување долго 56 илјади километри во Вселената.

најчитано сега