Сообраќајка во Тетово: Повредено 11-годишно девојче

Единаесетгодишно девојче поврдено во сообраќајка во Тетово.

Вчера околу 13 часот на раскрсницата на улиците „Илинденска“ и „Браќа Миладинови“ во Тетово се случи сообраќајна несреќа која ја предизвика патничко возило „Голф“ со гостиварски регистерски таблици, управувано од 19-годишниот гостиварец А.Х.

Гостиварецот удрил во 11-годишното девојче кое било пешак.

Од ударот девојчето се здобило со телесни повреди, а А.Х. лично ја пренел во тетовската клиничка болница каде и била укажана помош по што е пуштено на домашно лекување.

Извршен е увид и се утврдува причината за несреќата.

 
 
17.11.2015 - 13:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега