Ештон се сретна со Тачи и Јахјага
Денеска високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Кетрин Ештон која допатува во посета на Приштина се сретна со косовскиот претседател Атифете Јахјага, а потоа и со премиерот Хашим Тачи.
Инаку, Ештон е во Приштина еден ден пред продолжување на разгледувањето на Законот за амнестија во косовскиот Парламент - а меѓународните претставници на Косово побараа денеска тој закон во Собранието да се усвои по итна процедура.
Ештон вчера беше и во посета на Белград каде рече дека била задоволна кога на членките на ЕУ им го претставувала напредокот, како и тоа што можела да каже дека постојат конкретни резултати во примена на бриселскиот договор.
По денешните средби со косовскиот премиер и претседателката на Ксоово, никој од нив не дал никаков коментар.
ФОТО: Сител