Рускиот Врховен суд забрани девојчињата од муслимански семејства да носат шамии во училиштата

Рускиот Врховен суд ја потврди денеска забраната девојчињата од муслимански семејства да одат на училиште со хиџаб, со што се отфрла барањето на граѓаните забраната да биде прогласена за незаконска и невалидна.

- Одлуката на Врховниот суд е исполитизирана и ги крши религиозните права на муслиманите, изјави адвокатот Мурад Мусаев.

Владимир Молчанов, портпарол на гувернерот на Ставрополската област, изјави оти е задоволен од судската одлука. - Воведувањето училишни униформи има за цел да ги отстрани социјалните и религиозни разлики меѓу учениците. Освен тоа, рускиот закон предвидува секуларно облекување и соодветен надворешен изглед, рече Молчанов.

 

најчитано сега