УКИМ ќе соработува со израелскиот Универзитет „Бен Гурион“

Ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје Велимир Стојковски  и ректорот на Универзитетот „Бен Гурион“ во Бир Шева, Израел, Зви Хакоен, потпишаа Меморандум за соработка во областа на образованието, науката и културата.

Oд Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ информираат дека целта на Меморандумот е да се зајакне и официјализира научната интеракција меѓу двете институции преку поттикнување на размена на академски и административен кадар и студенти.

Соработката меѓу универзитетите ќе се одвива во рамките на областите застапени на двата универзитета.

Со Меморандумот се предвидуваат заеднички научни и истражувачки проекти, размена на наставен кадар, размена на студенти, организирање на заеднички конференции и работилници, како и размена на публикации, универзитетски изданија, книги и соработка во комуникациските мрежи.