Запознајте го најновото руско оружје

И покрај санкциите и падот на вредноста на валутата, Русија продолжи да го развива новото наоружување, со цел да го засили арсеналот на руската војска во наредните години.

Еве дел од новото руско оружје:

Ловец T-50

T-50 е најважниот проект на руската војска. Тој подразбира изработка на нови, петта генерација на авиони, кои ќе ги заменат сегашните Сукои. Нив ги споредија со американските F-22, но имаат повеќе маневарски способности.

Бомбардерот PAK DA

Произведувачот на авиони „Tupoljev" разви Перспективен Авиационен Коплекс на Далечен Домет. Станува збор за стелт бомбардер, од генерацијата на суперсоничен авион.

Проект „Армата“

Најновиот тип на оклопно возило, Т-14, со каросерија која може да се адаптира за било која намена. Во рамките на овој проект се изработуваат тенкови, оклопни возила и други облици на тешко наоружување со најмодерни електронски системи.

 
 
11.11.2015 - 17:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега