Крвава пресметка во тетовско

Во текот на вчерашниот ден во 09 часот и 30 минути, 29-годишниот Е.И. во селото Челопек-тетовско пристигнал со возило кое го управувало засега непознато лице и влегол во дворот пред работилница за мебел сопственост на жител од истото село каде предходно купил повеќе парчиња разновиден мебел, но при тоа целосно не ги платил и должел извесна сума парични средства. Таму го пресретнал 21-годишниот М.К.  вработен во работилницата кој му рекол да замине, а Е.И. го удрил со тупаница, а потоа извадил и метален боксирач. Тогаш вработениот и двајцата синови на сопственикот на работилницата, 23-годишниот Ј.Ј. и 21-годишниот А.Ј. според нивното кажување го совладале и го собориле на плочникот. Набрзо Е.И. успеал да стане и да избега со возилото по што бил пренесен во Клиничката болница Тетово за укажување на лекарска помош, а поради сериозноста на повредите истиот бил пренесен на Клиниките во Скопје. На местото на настанот по овластување на Јавен Обвинител извршен е увид од страна на СВР-Тетово пронајден е метален боксирач и предметни траги кои се дадени за вештачење и се работи на целосно расчистување на случајот.

 
 
11.11.2015 - 12:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега