Почнуваат разговорите за формирање преодна Влада на Египет

 

Властите во Египет денеска почнуваат разговори за формирање преодна влада до одржувањето на парламентарните избори, додека неколку илјади приврзаници на соборениот претседател Мохамед Морси повторно побараа негово враќање на власт.

Економистот Беблави потврди дека денеска ќе започнат разговорите за формирање влада, а првите средби ќе ги одржи со лидерите на либералната опозиција - Ел Барадеј и Зијад Бах-Елдин.

- Секако дека го почитуваме мислењето на јавноста и се обидуваме да ги исполниме очекувањата на луѓето, но секогаш постои можност за избор, секогаш постои повеќе од една опција и не може да се задоволат сите луѓе, нагласи Беблави.

Неименувани извори во Каиро велат дека новиот премиер на членовите на „Муслиманско братство“ планира да им понуди министерски места во новата влада. 

најчитано сега