ОЈО Тетово ќе спроведе истрага за вооружената престрелка во тетовски Дреновец

Надлежниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Тетово по добиената кривична пријава за вооружената престрелка во тетовската населба Дреновец, донесе наредба за спроведување на истражна постапка против четири лица, пренесе МИА.

- Осомничени се четворица македонски државјани Љ.И, К.В., М.М. и Р.О кои се товарат дека сториле самостојни кривични дела – убиство од член 123 од Кривичниот законик, во исто време двајца од осомничените К.В и М.М се товарат и за сторено кривично дело – недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 од Кривичниот законик, се наведува во соопштението од Јавното обвинителство на Република Македонија.

До судијата на претходна постапка доставен е Предлог за определување на мерка притвор за сите осомничени лица.

Во моментот Љ.И. е на лекување во болница во Скопје, а М.М е недостапен на органите на прогонот, стои во соопштението од Јавното обвинителство.

 
 
02.11.2015 - 19:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега