Метеоролозите носат убави вести - какво време не очекува до крајот на оваа недела

Оваа работна недела би била идеална за краток есенски распуст или неколку дена есенски одмор. Од понеделник до петок очекуваме ведро време со минимална облачност во вторник, која ќе биде од рангот на висока облачност, што значи дека нема никаква теорија за било какви врнежи, пишува специјлизираниот портал за временска прогноза МетеоПро

Дефицитот на влага во површинскиот слој на атмосферата ќе придонесе да немаме услови за појава на магла во утринските и вечерните часови. 

Ќе има одреден пораст на утринската температура, но и понааму вредностите на истата низ котлините ќе биде во границите од 0°С до 5°С, а на повисоките места и малку под 0°С.

Дневниот темпераурен максимум е „друга приказна“. Тука веќе зборуваме за релативно толло време. Долж повардарието очекуваме вредности околу 20°С, а во гевгелискиот регион и околу 22°С во наредните денови.

Во котлините од западниот регион максималната температура генерално ќе биде во границите од 15°с до 17°С. 

 
 
02.11.2015 - 11:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега