Симјановски во наредните две години во дресот на Вардар
Екипата на Вардар денеска се засили со фудбалерот од средниот ред Жарко Симјановски. Играчот потпиша со македонскиот шампион двегодишен договор и од утре ќе му се приклучи на тимот кој се подготвува за настап во квалификациите од Лигата на шампионите.
- Задоволен сум што ќе ги бранам боите на едно фудбалско име како што е Вардар. Добро е познато кои се амбициите на клубот во кој доаѓам, па верувам дека ќе успеам да му помогнам на тимот да стигне до посакуваната тројна круна во новата сезона, истакна новиот вардаров играч по потпишувањето на договорот.
Симјаноски е четврто засилување за Вардар во овој преоден рок, по голманот Павловиќ, десниот бек Рељиќ и напаѓачот Заревски.