16 сообраќајки во Скопје

Шеснаесет сообраќајни незгоди се регистрирани во изминатото деноноќие  во Скопје, од кои  во седум  со  полесна телесна повреда се здобиле четворица возачи на патничко моторно возило и пет сопатници. Девет сообраќајки се со последица материјална штета.

Отсекот за превенција при Единицата за безбедност во патниот сообраќај при СВР Скопје денеска ќе одржи едукативни работилници во Основното училиште „Димитар Миладинов“ кое се наоѓа на територијата на општина Центар.

 

 

 

Оцени ја веста

21.10.2015 - 09:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега