Денеска почнува саемот за туризам „Скопје Травел Маркет“
Денеска министерот за економија Ваљон Сарачини ќе го отвори саемот за туризам „Скопје Травел Маркет“ кој ќе трае до 27. април.
На саемот ќе учествуваат тур-оператори од регионот, Турција, Италија, Северен Кипар, Унгарија, а свое претставување ќе имаат туристички агенции, хотели, ресторани, кампови, компании за патнички превоз, потенцијални инвеститори во туристичката индустрија, авиокомпании, занаетчиски комори, како и винарски визби и туристички оператори за верски туризам.
Манифестација е поттикната од фактот дека туризмот е значајна стопанска гранка, која има суштествена улога во економскиот развој, привлекувањето нови инвестиции, отворање работни места, промовирање на културните вредности и на природните богатства.