Започна снимањето на филмот „Златна петорка“

Долгометражниот игран филм „Златна петорка“ во режија на Горан Тренчовски, поддржан од Агенцијата за филм на Република Македонија влегува во фаза на продукција и реализација на одбраните локации за снимање. Филмот е во продукција на „Револушн“ - Скопје, копродуценти се Македонската телевизија и Арт-попкорн од Белград, а помагатели на проектот се општините Струмица, Босилово и Василево.

Сценариото за овој македонски филм е работено по драмски и прозни мотиви на писателот Братислав Ташковски, а него го потпишуваат Елеонора Венинова и Билјана Гарванлиева заедно со косценаристот Тренчовски. Продуцент е Дејан Милошевски, директор на фотографија е Апостол Трпески, сценограф е Кирил Спасески, костимограф Нела Тодоровска, шминка Ирена Сенокозлиоска, тонот е на Дарко Спасовски-Пацки, една музичка нумера во филмот изведува групата „Баклава“, а филмот ќе го монтира Андрија Зафрановиќ. 

Во „Златна петорка“ играат актерите: Славко Штимац, Јана Стојановска, Љупка Џундева, Игор Ангелов, Петар Арсовски, Васил Михаил, Ненад Милосављевиќ, Билјана Таневски, Александар Ристевски, Влатко Илиевски, Григор Јовановски, Игор Тодоров, Виктор Јакимовски, Дине Дрваров, Стојан Велков и други.

Првата клапа на филмот „Златна петорка“ ќе падне в понеделник на 19 октомври во Струмица и снимањето ќе трае четири недели во Струмица и струмичкиот регион. Филмот се очекува да биде завршен за кино-прикажување следната година со премиера на некој од светските филмски фестивали, соопшти продуцентската куќа „Револушн“ 

 

 

Оцени ја веста

14.10.2015 - 13:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега