Медицинско чудо: Девојка се сеќава на се од својот 12 ден

Дваесетипетгодишната Ребека Шерок од Калифорнија е една од 80 луѓе во светот, која пати од надпросечно автобиографско памтење, познато како хипермнезија. Тоа значи дека има зголемена способност за памтење на одредени работи на кои нормален човек не се сеќава.

Најрано сеќавање кое таа го има е од 12 дена. Нејзината мајка ставила седиште во автомобилот и ја сликала, а Ребека на тоа јасно се сеќава, пишува британски Daily Mail.

Исто така таа се сеќава и на секој сон што го имала. Кога ќе ги оживее сеќавањата, и се враќаат емоциите, па болката што ја чувствувала тогаш, ја чувствува и сега.

Ребека навечер мора да спие со запалено радио и слабо светло, бидејќи ако се биде тивко, нејзиниот мозок би започнал неконтролирано да работи и да се сеќава.

 

 

Оцени ја веста

09.10.2015 - 16:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега