СУПЕР ВЕСТИ: Следат два продложени викенди - ова се сите неработни денови до крајот на годината

Следниот неработен ден за сите граѓани на Македонија неработен ден е 11 октомври (недела), Ден на народното востание, односно 12 октомври (понеделник) е неработен ден, но потоа следува и денот на ВМРО 23-ти октомври кој се паѓа во петок.

Согласно со Законот за празниците на Република Македонија (Сл.весник на РМ број 21/98 и 18/07) во 2015 година неработни денови се: 

За сите граѓани на РМ

• 11 октомври (недела), Ден на народното востание, односно 12 октомври (понеделник) е
неработен ден
• 23 октомври (петок), Ден на Македонската Револуционерна Борба
• 08 декември (вторник), “Св. Климент Охридски”

За граѓаните од католичка вероисповед

• 01 ноември (недела), Празникот на сите светци
• 25 декември (петок), првиот ден на Божик

За граѓаните припадници на албанската заедница во РМ

• 22 ноември (недела), Ден на Албанската азбука

За граѓаните припадници на турската заедница во РМ

• 21 декември (понеделник), Ден на настава на турски јазик

 

 

Оцени ја веста

09.10.2015 - 11:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега