Доделена Нобеловата награда за физика - научниците открија нешто неверојатно

Нобеловата награда за физика во 2015 година е доделена на Такаки Кајита од Јапонија и Артур Б. Мекдоналд од Канада за нивниот допринос во експериментите кои покажаа дека честицата неутрионо има маса и дека може да осцилира.

„Оваа метаморфоза има бара неутрините да имаат маса. Ова откритие го промени сфаќањето за внатрешното функционирање на материјата и може да биде клучно за сфаќатето на вселената“, се наведува во образложението на одлуката на Шведската кралска академија на науките.

Кајита во Јапонија го презентира откритието дека неутрините од атмосферата го менуваат идентитетот на патот до детекторот.

Мекдоналд во Канада покажа дека неутрините од Сонцето не исчезнуваат на патот кон Земјата, туку на нашата планета стигаат со променет идентитет.

Двајцата добитници на наградата добија 960.000 долари.

 

 

Оцени ја веста

06.10.2015 - 12:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега