Дожд, невреме и големо заладување - погледнете ги моменталните температури

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со повремен дожд позастапен во јужните и источните делови. Ќе дува и слаб променлив ветер на југот со услови за појава на ретки грмежи.

Утринската температура ќе се движи од  12 до 17, а дневната од 18 до 26 степени.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со услови за појава на слаб повремен дожд и со слаб северозападен ветер.

Утринската температура ќе се спушти до 14, а дневната ќе се искачи до 24 степени.

Ова се моменталните температури:

 

Од сабота следува период на сончево време со мала до умерена локална облачност и постепен пораст на дневната температура.

Минималната температура во наредните денови ќе биде во опаѓање, најсвежо ќе биде во недела и понеделник наутро.

 

 

 

Оцени ја веста

11.09.2015 - 08:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега