Папата Франциско повика секоја европска парохија да прими по едно семејство со бегалци

Папата Франциско повика денеска секоја европска парохија и верска заедница да прифати по едно бегалско семејство како гест на солидарност.

Тој упати апел за време на редовното неделно обраќање во Ватикан. Неговите зборови беа проследени со аплауз од групата луѓе на плоштадот Св. Петар.

Папата изјави дека Ватикан, каде има две парохии, ќе прифати две семејства на бегалци во следните денови.

 

 

Оцени ја веста

06.09.2015 - 14:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега