Саркози: Отворете прифатни центри за бегалци во Северна Африка, Србија или Бугарија

Поранешниот француски претседател Никола Саркози синоќа изјави дека би требало да се отворат прифатни центри за бегалци во Северна Африка, Србија или Бугарија, пренесуваат француските медиуми.

Според Саркози, тоа ќе овозможи да се одреди дали тие ќе добијат статус на политички бегалци или не пред да влезат во Шенген зоната, пренесува парискиот дневен весник „Либерасион“.

Саркози нагласи дека е неопходен „Шенген 2“ како обнова на шенген зоната, бидејќи не верува во нејзина реформа.

Според Саркози сите држави во Шенген зоната би требало да имаат иста миграциска политика. Отворањето на прифатни центри во Северна Африка, Србија или Бугарија ќе спречи голем бран на мигранти и трагедии во Средоземно Море, смета поранешниот фрнацуски претседател. 

 

 

Оцени ја веста

06.09.2015 - 11:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега