Мурињо во Гинисовата книга на рекорди

Жозе Мурињо доби ново признание, овој пат од Гинис. Португалецот ќе биде запишан во изданието за 2016-та со четири рекорди.

Првиот е за шампионскиот трофеј уште од 2004/05 кога со Челзи освои рекордни 95 бодови, а пресметано е дека дури 77 мечеви немал пораз на домашен терен.

Исто така во 2004/05 неговиот тим примил најмалку голови, само 15.

Доби и признание бидејќи како најмлад тренер го запиша 100-тиот натпревар во Лигата нашампионите, а тоа го сторил со Реал Мадрид.

-Убаво е што ќе можам да ги имам овие признанија во мојата канцеларија, изјави Мурињо и додаде:

-Како дете ги читаш тие книги и не можеш ниту да замислиш дека еден ден и ти би можел да бидеш дел од тоа, потенцираше Португалецот.

 

 

Оцени ја веста

04.09.2015 - 17:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега